Таа е најмладата жртва: Актерката призна дека со 9 години била сексуално злоставена

од desk2

Грдата Бети, а убава Америка Ферера, објави потресна исповед на својот Инстаграм профил. Нејзината порака е јасна – доста молчевме.

Секојдневно се нижат сведоштва за злоставувањата што ги правел холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, а списокот надмина 30 жени.

Актерката Америка Ферера ја додаде својата исповед со хаштагот #Me Too.

Во прашање е акција на Алиса Милано, која има за цел, токму како што рече Ферера, да го прекине молкот.

„Јас, исто така. Прв пат, а да се сеќавам, кога бев сексуално злоставена имав девет години. На никој ништо не му кажав и живеев посрамотена и цело време чувствував вина. Јас, деветгодишно девојче, некако бев одговорна за постапките на возрасен човек. Морав секојдневно да го гледам со години. Тој ми мавташе и се насмевнуваше, а јас само побрзував да поминам крај него, додека крвта ми замрзуваше. Храбро го носев товарот на она што го знаевме само јас и тој – и дека очекува да молчам и да му ги возвраќам насмевките. Дами, ајде да го прекинеме молкот, наредните генерации девојки да не мора да живеат со овие лајненици“, завршува отворено Америка.

Слични содржини