ТАБЕЛА: Како се мери интензитетот на силата на земјотресот според Рихтеровата скала, а како според Меркалиева скала?

од Vladimir Zorba

richter_scale_graphic_representation-520x462

Рихтеровата сеизмичка скала определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантификува количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзиски сеизмограф, пишува на сајтот skopjeinfo.mk.

Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен 3⁄2, па според тоа, разликата од 1 степен на Рихтеровата скала е еквивалентна на 31,6 пати поголема ослободена енергија, а разликата од 2 степени соодветствува на 1.000 пати поголема енергија.

Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар што се користи во пресметката на скалата, силата на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала што се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент место на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амплитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи приспособување за да се компензира за варијациите во растојанието меѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот. Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата.

Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од кој било сеизмограф во светот.

Следнава таблица ги опишува типичните ефекти за земјотреси со разни магнитуди во епицентарот. Сепак, оваа табела треба да се гледа со предострожност, бидејќи интензитетот и ефектот на земјотресот зависи не само од магнитудата, туку и од растојанието од епицентарот, длабочината на хипоцентарот, геолошките услови на почвата (некои земјишта можат да го засилат сеизмичкиот бран), итн.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини