Тачи: ДПА ќе ги поддржи законите за СЈО

од Vladimir Zorba

По средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, лидерот на ДПА, Мендух Тачи пред новинарите рече дека имал конструктивен и корисен разговор.

menduh-taci1_5

Тој кажа дека пред распуштањето на Парламентот, ДПА ќе го поддржи донесувањето на законите за СЈО и измените на Изборниот законик.

Предходно, Хан имаше средба со премиерот Емил Димитриев.

„Конструктивна и сеопфатна размена на мислења со премиерот Емил Димитриев. Го истакнав исполнувањето на условите за веродостојни избори, реформските приоритети, поддршката на работата на специјалниот обвинител, миграцијата“, напиша Хан на Твитер по средбата со Димитриев./извор Телма

Слични содржини