Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска оптимистички изјави дека еден ден Косово Србија ќе се смират.

Тој уште додава дека е сигурен оти Србија ќе го признае Косово.

– Јас верувам во смирувањето меѓу Косово и Србија. Треба да гледаме во иднината, а не да се повторува минатото. Сигурен сум дека Србија ќе го признае Косово, зашто Србија не може да се приклучи во ЕУ без ваков акт, изјави Тачи.

На денешната средба со новинари и студенти, организиана од движењето „ФОЛ“, Тачи, побара од владината коалиција, што побрзо да се изгласаат договорите потпишани во Брисел меѓу Косово и Србија.

Тој смета дека Заедницата на српски општини треба да се формира и затоа што така ќе престанат критиките со кои се обвинува Приштина дека не ги имплементира договорите со Белград.

Друго прашање за кое даде свој став е прашањето за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Претседателот Тачи стави јасно до знаење дека „либерализацијата на визите минува преку неговата ратификација“.

– Доколку не се случи демаркацијата нема визна либерализација. Сметам дека Косово ќе задоцни со години доколку не помине демаркацијата во Парламентот. Визите се за сите граѓани, не само за власта или опозицијата, изјави Тачи, искажувајќи подготвеност да разговара и со опозицијата околу ова прашање.

Во врска со формирањето на армија, Тачи искажа убеденост дека таа ќе се формира и оти ќе биде мултиетничка. Според него никој не може да стави вето за ова прашање.

Слични содржини