Тачи: Се е во согласност со законите

од Vladimir Zorba

  Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека косовската полиција дејствувала во согласност со законите и овластувањата при апсењето на Марко Ѓуриќ.

Тачи ги повика жителите на Косово на смиреност и рече дека Ѓуриќ нелегално влегол во Косово.

Тој рече дека штотуку го известиле надлежните органи дека Ѓуриќ поминал низ редовна полициска, судска и обвинителска процедура и дека сега е на пат да биде депортиран од територијата на Косово.

-Овој случај не треба да ја попречува комуникацијата меѓу Косово и Србија, дијалогот меѓу двете земји и напорите за нормализација, добрососедските односи и помирувањето меѓу двата народа, изјави Тачи.

 

 

 

Слични содржини