unnamed94

Сегашната ситуација е нелогична и спротивна на она што треба да се направи за да се реши политичката, правната и економската криза.

Споровите меѓу македонските партии се виртуелни и вистински проблем на Македонија е прашањето за името, меѓуетничките односи, односно правата на Албанците, функционирањето на институциите, како и фер и пропорционална распределба на буџетот, што значи без решение на прашањето на името и на меѓуетничките односи, целиот овој процес нема никаква смисла, истакнал претседателот на ДПА, Мендух Тачи на денешната средба во амбасадата на САД во Скопје со помошник-државниот секретар на Стејт департментот за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд.

На средбата се разговарало за политичката криза во земјата, како и развојот на дијалогот меѓу политичките партии олеснета од страна на САД и ЕУ, соопшти ДПА.

„Говорејќи во врска со разговорите, претседателот Тачи рече дека ДПА во овој процес покажа целосна подготвеност за спроведување на структурните реформи кои произлегуваат од договорот на 2 јуни и препораките на ЕК, кои вклучуваат имплементација на препораките на извештајот на Прибе, барајќи во овој пакет на реформи да бидат вклучуени и барањата на ДПА, односно целосна употреба на албанскиот јазик во Парламентот, двојното гласање за одобрување на буџетот, како и другите точки од политичката платформа. Како дел од оваа заложба, претседателот Тачи ја увери помошникот-државен секретар, Викторија Нуланд дека ДПА со својата конструктивна политика ќе продолж да придонесува и да биде дел од демократските процеси и евро-атлантската перспектива на земјата“, известуваат од партијата.

Слични содржини