Зетот на Трамп – Џаред Кушнер барал таен канал за комуникација со Москва, пишува “Вашингтон пост”.

Весникот се повикува на документи, од кои станувало јасно дека рускиот амбасадор во САД Сергеј Кислак извештајот на своите претпоставени во декември дека Џаред Кушнер предложил да воспостави канал за комуникација меѓу преодниот тим и Кремљ, користејќи руските дипломатски врски.

Во меѓувреме стана јасно дека Комисијата за разузнавање на Сенатот на САД, истражувајќи ја  руската интервенција во американските избори во 2016 година, побарала од политичката организација на претседателот Доналд Трамп да ги предаде сите документи кои датираат дури и до лансирањето на кампањата