Tagesanzeiger: Киев е подготвен на се, само САД да ги продолжат санкциите против Русија

од desk2

Воените дејствија во Донбас се обновија откако Вашингтон повторно изрази солидарност со Киев.

Киев намерно зголемува степени на конфликтот во Донбас, за да не дозволи укинување на антируските санкции, пишува аналитичарот од швајцарскиот весник Tagesanzeiger.
Украина се обидува да ја обвини Русија за заострување на конфликтот на југоистокот на земјата, сепак е очигледно дека Киев едноставно го тестира новиот претседател на САД Доналд Трамп, смета авторот на публикацијата. Украинските власти ги обновија воените дејствија пред сè, за да “растресат САД”, пишува Аффентрангер.

Според зборовите на западните дипломати, Киев е подготвен практично на сè, за да не дозволи Трамп да ги откаже санкциите против Русија “- се вели во публикацијата. Воените дејствија во Источна Украина се обновија откако Вашингтон повторно изрази солидарност со Киев.

“Многу украински команданти предвидуваат дека Киев ќе може да се врати контролата над териториите на бунтовницитеза два месеци, па дури и тоа да предизвика сериозни загуби меѓу локалното население” – пишува Tagesanzeiger.

“Борбата на Киев за срцата на жителите од источна Украина е загубена, поточно таа никогаш навистина и не започнала” – забележува авторот.

Западот може да влијае на украинското раководство, но наместо тоа тој е неактивен, бидејќи уште од почетокот застана на страната на киевските власти “- резимира Аффентрангер.

Слични содржини