Тајната на младоликоста на Макрон – Ставот, ботокстот и екстензиите и симнуваат десет години

од Vladimir Zorba

Новиот претседател на Франција Емануел Макрон со 40 години е најмладиот државник во историјата на таа земја, додека од друга страна , неговата 64-годишна сопруга Брижит Троњо не е така млада прва дама.

Се запознале кога тој имал 16. Му била учителка во средно училиште, а врската ја започнале кога станал полнолетен. Со оглед на старосната разлика од 24 години, нивниот брак и пред тоа бил интензивно следена тема во медиумите. Бившата учителка, веќе и баба, е со младолик изглед. Која е тајната, како тоа го постигнува? До тоа прашање се позанимавале стручњаците на Daily Mail и дошле до интересни заклучоци.

Имено, Брижит никогаш не зборувала за тајните на убавината ниту признала дека правела било какви третмани.

Dr. Ross Perry, основач на клиниката Cosmedics,  верува дека на нејзиниот изглед највеќе придонесува нејзината витка атлетска фигура.Други стручњаци, се пак,уверени како првата дма направила мини   face-lifting па третмани со ботокс. На нејзината појава и ласка и исклучителниот моден стил.Брижит , велат, има истенчен вкус и обожава дизајнирани парчиња облека, а Луј Витон е нејзин омилен креатор.Наградуваната лична стилистка  Chantelle Znideric  вели дека Брижит има рок шик стил за кој повеќето жени не може ни да сонуваат. Се облекува младешки, класично и женствено, но понекогаш ќе изненади со скини џинс кој можат да си го дозволат дупло помлади жени. Храбро ги крши стилските правила и во својата возраст носи кратко и фустани без ракави.Кога станува збор за косата , жените во педесеттите веќе почнуваат да ја губат косата, затоа стручњаците се сложуваат дека е веројатно Макроновата сопруга дека си вградила екстензии за да и добие косата на волумен. Нејзината фризура, според мислењето на стилистот  Rob Fitch,е совршена за неа бидејќи шишките и должината до рамена убаво и го заокружуваат лицето. На младоликоста на косата придонесуваат и совршените повеќеслојни прамени.

Кога, пак, станува збор за лицето, видливо е дека Брижит добро ја познава секојдневната рутина за негата на кожата.

Dr. Julian de Silva, пластичниот хирург, коментира дека првата дама изгледа десет години помладо бидејќи брчките воопшто не и се изразени: “Возможно е да употребува инекции ботокс или филери за да ѝ изгледа мазно лицето.“

Dr. Tatiana Lapa  е сигурно дека Брижит правела многу козметички зафати:
– Сигурна сум дека ги подигнала јагодиците и дека ставила филери на подрачјето на брчките околу усните. И изгледот на носот зборува дека во еден период на животот естетски ја подобрила неговата конструкција.

Ако ја допреме нејзината витка линија, личниот тренер  Diego Core вели дека за тоа се заслужни добрите гени :

– Таа е природно витка жена благодарение на брзиот метаболизам.Се сомневам дека многу вежба , што го покажува и тонусот на нејзините мускули.

Очигледно практикува пилатес или лесни вежби.

И насмевката и е освојувачка, заслугата е , на зафатот за избелување на забите или популарните лушпички за тн. холивудска насмевка.

Како и да е, новата француска прва дама изгледа одлично, без оглед на тоа дали има 64 или 46 години и го оправдува прекарот„француска Џејн Фонда“.

С.В.

Слични содржини