Тајните на колбасот

од Vladimir Zorba

Колбасите се многу универзално и омилено јадење за многу луѓе. Тие се погодни за појадок, ручек, вечера. Се консумираат за секакви прилики, на улица, во канцеларија, дома.
Пријатниот мирис и вкус ги прават примамливи и најпосакувани, особено во денешниот динамичен живот.

Обично се подготвуваат од свинско или телешко месо и се конзервираат со сол и лебни трошки.

foodpanda, избра некои смешни факти за овој неодолив колбас.

Обично колбасите се прават со полнење црева, но понекогаш оваа обвивка може да биде синтетичка.

11 октомври е светскиот празник на пицата со колбас.

Најпопуларното македонско јадење, кое вклучува колбас, е колбас со грав.

За прв пат овој колбас е споменат во “Одисејата”, напишана од Хомер, пред повеќе од 2700 години.

Колбасите биле главно јадење за време на Втората светска војна.

Најдолгиот колбас е направен во Романија на 1-ви декември 2014 година.

Зборот колбас потекнува од латинскиот збор “салсус”, која значи нешто солено.

Секој ден 5 милиони Британци јадат колбаси. Денот кога се консумираат најмногу колбаси е Сабота. 18% од луѓето во земјата, консумираат колбас за појадок, а 44% за вечера.

83% од колбасите се произведени од свинско месо.

Слични содржини