Така брзо? Еве кога на жените во врска официјално им досадува сексот

од desk3

Жените кои се во долги врски не им е премногу до секс, за разлика од оние кои се во кратки врски. Интересно е дека резултатите на студијата не покажуваат исто кога на мажите во прашање – нивното интересирање за секс со иста жена не се намалува со текот на времето.

Во студијата на Универзитетот Саутемптон учествувале 11.508 луѓе, а резултатите покаѓжале дека 34 проценти од жените го изгубиле интересот за секс по една година врска во однос на само ѝ15 проценти од мажите.

“Нашите сознанија се обидуаат да продрат малку подлабото во тематиката и одговорите на прашањето зошто жените го губат интересот за секс во долга врска. Посебно затоа што за жените квалитет е и должината на врската, но и комуникацијата со партнерот е пресудна за сексуалниот интерес“, вели професорката Синтија Грејем.

Во студијата учествувале 6.669 жени и 4.839 мажи кои имале само еден сексуален партнер во претходните 12 месеци. Интересно е што на жените им било полесно да зборуваат за сексот отколку мажите.

Инаку, истата студија покажала дека најнезадоволни со својот сексуален живот се жените во средни години, а како најголем убиец на страста во бракот го наведуваат доаѓањето на децата во семејството.

Слични содржини