Така власта “телевизиски” ја киднапира демократијата ! Кога ќе се чувствуваш опкружен со непријатели, не ти е до демократија

од desk3

 

Набљудувајќи што се случува во Русија, човек би можел да помисли дека луѓето во оваа земја едноставно не сакаат да живеат во демократија. Така ли е навистина? Рускиот социолог Игор Ајдман пред DW соопштува своја хипотеза:

19560453_303
На крајот на 1980-тите години, кога бевме приведени за време на една од првите демонстрации, еден соработник на органите зеде да се убедува со нас: “Зошто се занимавате со глупости? Во Русија така и така никогаш нема да има демократија”, рече тој. А еден од нас му одговори: “Демократијата ќе дојде кога вие ќе си одите од власта!”. Оттогаш поминаа речиси 30 години. Во тоа време кагебеецот направи успешна кариера, а неговиот противник остана дисидент. Демократијата се покажа недостижен сон, токму затоа тие ја задржаа власта, претворајќи ги државните ресурси во својот приватна сопственост. Не граѓаните, туку владејачките елити се откажа од демократијата.
Во европските демократии изборите овозможуваат на населението по мирен пат да ја смени власта, ако тоа веќе не одговара на интересите на мнозинството граѓани. Во режими од типот на СССР, Туркменистан или Северна Кореја изборите се еден вид церемонија, која треба да покаже дека целиот народ го поддржува шефот и неговата линија на управување. Путиновиот систем е на пат да создаде и во Русија таков церемонијален модел.

Сакаат ли Русите демократија?

Засега овој процес е далеку од совршенството, бидејќи резултатите од изборите се уште не покажуваат општа поддршка за шефот. Кремљ веќе се научи да постигнува речиси централно-азиски изборни резултати, но уште се стеснува да воведе задолжителни избори. А мнозинството избирачи едноставно не сакаат да учествуваат доброволно во бескорисни церемонии, наречени избори. Затоа, и покрај сите манипулации, властите во Русија не успеваат да ги имитираат европските стапки при гласањето. Парламентарните избори од 18-ти септември го докажаа тоа: одѕивот никогаш не бил толку низок – со над 12 отсто помалку отколку на претходните парламентарни избори. А повеќето од оние кои гласаа, очигледно го дале својот глас за партијата на Путин “Единствена Русија”.

Дали тоа значи дека не само власта, туку и граѓаните не сакаат демократија? Едвај. Социолошките истражувања покажуваат дека многу Руси ги кријат своите демократски убедувања. Се разбира, најмоќниот удар по демократските идеи, нанесен од патриотарската кампања во последниве години, создаде во Русија атмосфера како во опседната тврдина. А кога ќе се чувствувате опкружени со непријатели, не ти е до демократија. Имено во текот на оваа кампања бројот на луѓето кои го поддржуваат западниот демократски модел, се намали до 16 проценти. А процентот на застапници на периодичбата смена на власта преку слободни избори се намали од 60 на 45 проценти. Но само 5 проценти од Русите сметаат дека нивната земја нема потреба од демократија.

Половина од луѓето во Русија се стремат кон некоја посебна форма на демократија. На прв поглед во тоа нема ништо лошо – демократијата е различна во различните земји. Но руските власти вешто ги експлоатирани овие расположенија – зад параванот на “самобитната демократија” тие им наметнуваат на Русите чист примерок на авторитаризам. Со приказните за националните специфики, суверенитетот и посебниот пат на Русија тие де факто ја избрка демократијата од политичкиот систем на земјата. Ништо чудно, тогаш се повеќе Руси одбиваат да учествуваат во ритуалот наречен избори. Што сепак не значи дека немаат потреба од демократија. Не гледаат ефикасни демократски институции, способни да предизвикаат вистински промени кон подобро.

Што треба да сфатат

Има и друго: иако во целина се однесуваат позитивно кон демократијата, Русите не придаваат големо значење на нејзините проблеми. Ограничувањето на граѓанските права и демократските слободи се на последно место на листата со темите кои ги возбудуваат луѓето. Тие се загрижени поради кризата, корупцијата, високите цени, сиромаштијата и невработеноста, но не сфаќаат дека токму отсуството на демократија стои во основата на овие социјални проблеми. Не го сфаќаат и едноставниот факт дека во целиот случај економски просперитет се постигнува токму во демократските општества.

Кажано накратко: Русите ќе сфатат колку е важно да ја заштитат демократијата дури кога ќе сфатат дека без неа кризата во земјата ќе се продлабочува, а нивното материјална положба ќе продолжи да се влошува.

Слични содржини