Талад Џафери денеска ги собира партиите во парламентот на итна консултативна средба

од Vladimir Zorba

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска најави координација на претставниците на парламентарни партии, на која треба да се разговара за локалните избори. Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува денеска. Што значи дека локалната самоуправа ќе биде нефункционална ако не се донсесе некое ад хок решение со законско покритие, за да  МОЖЕ МАНДАТИТЕ ДА БИДАТ ПРОДОЛЖЕНИЕ .

Претставници на парламентарните партии во саботата имаа средба во Собранието, но по нејзиното завршување тие не соопштија за што се разговарало.

Средбата во Собранието се организира за партиите да најдат заеднички јазик за промени во Изборниот законик. Целта е да се продолжи мандатот на градоначалниците и општинските совети. ВМРО-ДПМНЕ бара од парламентарното мнозинство итно да дозволи функционирање на локалната власт, да се гласа за продолжување на мандатот на градоначалниците и да се закаже најблискиот датум за локални избори.

„СДСМ поради стравот од соочување со граѓаните се обидува да го одложи датумот за локалните избори. СДСМ треба да собере храброст и барем еднаш државните интереси да ги стави пред политичките.“ – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Од друга страна, од СДСМ се правдаат дека блокирањето на општините не се случува поради нив, туку поради блокирањето на сите процеси на Македонија од страна на Ѓорге Иванов и ВМРО ДПМНЕ.

„Повеќе од нужно е Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот со што ќе се овозможи Зоран Заев брзо да ја формира владата и потоа законски да се одреди датумот на локалните избори.“ – велат од СДСМ

Слични содржини