Талат Џафери е кандидат за претседател на македонскиот парламент

од desk2

Талат Џафери е кандидат за претседател на македонскиот парламент. ДУИ, СДСМ, Алијанса за Албанците и Движењето Беса ги усогласија ставовите и го предложија Талат Џафери да е кандидат на парламентарното мнозинство за претседател на Собранието на Република Македонија. Информацијата ја потврди и портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

“По внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, решено е кандидатот на ДУИ и на парламентарното мнозинство, Талат Џафери, да биде претседател на Собранието”, изјави Бујар Османи.
Тој ќе биде првиот албански спикер на законодавниот дом во парламентарната демократија на РМ.
Новиот претседател на Собранието треба да го извести претседателот на државата Ѓорге Иванов, дека има парламентарно мнозинство, а Иванов потоа во рок од 10 дена да го додели мандат за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат се воздржуваат од коментари се додека кандидатурата на Џафери не биде официјална.

Талат Џафери до сега имал два мандати како пратеник во Собранието. Тој е роден на 15 Април во 1962 година во Гостивар, каде што завршил основното образование. Во Белград завршил средно воено училиште и Воена Академија. По завршување на студиите станал офицер во југословенската армија. По осамостојувањето на Македонија, таму ја продолжил својата кариера, Во 2001 година е придружи на Ослободителната Народна Армија (ОНА). Неговото име често беше споменувано во 2008 година, кога коалиционите партии, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, донесоа одлука тој да биде министер за одбрана. Во тоа време, против оваа одлука беше токму СДСМ.

Продолжувањето на конститутивната седница е закажано за понеделник, но се уште не е познато дали седницата ќе се избира и новиот претседател на Собранието.

Слични содржини