Талат Џафери и Kaтица Јанева се сретнале со делегација на Конгресот на САД

од Vladimir Zorba

Претставници на Конгресот на Соединетите Американски Држави се сретнале со новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, и со специјалната јавна обвинителк, Катица Јанева, соопштија од Амбасадата на САД во Македонија.

„Двопартиската делегација, предводена од конгресменот Боб Гудлејт, претседател на Комитетот за правосудство, се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со пратеници и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Делегацијата, исто така, се сретна со министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во касарната ‘Илинден’“, пишува во соопштението на Амбасадата.

На состаноците, како што информираат оттаму, се разговарало за зајакнување на владеењето на правото во Македонија, за воената соработка и за процесот на формирање влада/MAkfaks

Слични содржини