Талат Џафери: Катица ни под разно не може да бара измена на закони

од Vladimir Zorba

„Обвинителката ни под разно не може да бара измени на законите, бидејќи не е надлежна за тоа. Може да бараат тие што се надлежни за тоа – изјави за Нова, Талат Џафери од ДУИ ја коментира изјавата на Јанева, која вчера апелираше до Собранието да ги донесе измените на законот за заштита на сведоци кои ги поднесе СЈО.

talat dzaferi

Обвинителката изјави дека измените се клучни за нивната работа, за да може оваа институција да навлезе во сржта на предметите за Мартин Нешковски, „Монструм“ и „Сопот“.

 На прашањето дали ДУИ ќе ја поддржат иницијативата на Јанева, со оглед на тоа што јавно велат дека целосно ја поддржуваат работата на СЈО, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Џафери, вели дека треба да се разделат две различни работи кога се работи за нивната поддршка на оваа институција.
„Една е поддршката за СЈО според законот кој е изгласан. А друго е тоа што формално како барател не може да се појави СЈО. Иницијатива може да има секој. А предлог е друго. Предлог за измени може да поднесат 10 илјади граѓани. Не сум добил таква иницијатива како координатор на пратеничката група на ДУИ. Кога ќе ја добијам, тогаш ќе коментирам дали ќе поддржиме“, вели Џафери за НОВА.

Слични содржини