Талески на слобода! Апелација му определи само мерка “претпазливост”

од desk3

Наместо куќен притвор, со денешното решение на Апелацискиот суд, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, доби мерки за претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

taleski

Талески двапати неделно, секој работен понеделник и петок, ќе треба да се пријавува кај овластено лице во Основниот суд Битола.

„Апелацискиот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т., кој е дел од предметот на СЈО познат во јавноста како „Транспортер“, се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува. Имено, против осомничениот се определува мерка на претпазливост, обврска истиот да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основен суд Битола“, пишува во соопштението на Кривичниот суд.

 

META

Слични содржини