Талевски му донесе победа на Металург во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
Македонскиот репрезентативец Филип Талевски е најзаслужниот за победата на Металург во премиерниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
143916-1
На дуелот кој се одигра попладнево во СЦ „Борис Трајковски“, а е во рамките од Ц групата тимот на Металург забележа победа со 18:17 полувреме 8:7, а Талевски беше стрелец на дури 13 голови, вклучувајќи го и победничкиот на три секунди до крајот на мечот.
Во оваа група вчера екипите Чеховски Медведи и Ла Ријоха одиграа нерешено 28:28, а утре својот прв меч во новата сезона ќе го играат Монпелје и Татран Прешов.
Утре и македонскиот шампион Вардар ќе ја има премиерата во новата сезона. Црвено-црните гостуваат во Шведска кај Кристијанштад во натпревар од Б групата во која попладнево Киелце како гостин го совлада Мешков Брест со 29:24, а во овие монети играат Целје и Загреб, додека утре својот натпревар ќе го одиграат ПИК Сегед и Ранј Некар.

Слични содржини