tamara

Тамара Чаусидис од ССНМ вечерва пред насобраните граѓани, кои се собраа пред медиумскиот бастион МРТВ, во кој владее медумски блок, рече:„ Во МРТВ освен професионализам научив наведната глава сабја не сече„.

13162191_521721034678897_1894390898_n (1)

Зоран Стефановски, пак посочи дека МРТВ сокриваат убиства, бомби, криминал.

Вниманието на протестот е свртено кон информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“. „Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт“, пишуваше во најавата на протестот.

Слични содржини