Тамара Тодевска и ДНК го пуштија спотот за песната “Фрази Љубовни”. Спотот искочи оваа недела, на 7 октомври и веќе има над 35,000 прегледи на YouTube со +200 лајкови на видеото.

За видеото одговорно е продукцијата Gorilla Films, режирано, снимано и едитирано е од страна на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади. Песната за тие што не дознале до сега, е во музички аранжман од Лазар Цветковски а текстот е од Магдалена Цветковска – Ена и Панчо од ДНК.

Слични содржини