Таравари: Министер сум додека не го земам сертификатот од ДИК

од desk2

Министерството за здравство ќе продолжи да функционира беспрекорно и во периодот додека трае кампањата за локалните избори, тврди министерот за здравство. Таравари, кој денеска даде отчет за сработеното во првите 100 дена на функцијата, најави дека до крајот на ноември ќе биде познато дали во Клиничкиот центар ќе се гради новата зграда за интерни клиники за која договор потпиша претходната влада.

Тим на експерти, како што рече Таравари, ќе спроведе анализа која ќе треба да даде одговор дали ќе може да се изгради клиниката.

„Добиен е грант од Центарално европска банка за да се види дали вреди да се гради, дали може да се изгради и дали тоа ќе има последици врз пациентите. Доколку нивната одлука е може , тогаш во ред, но доколку нивната одлука е дека ќе спречи функционирање на Клиничкиот центар, тогаш нема да дозволиме, “ изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Во однос на одолговлекувањето на постапката за набавка на лекови, Таравари проблемот го лоцираше во Советот за јавни набавки. Вели, фирма која конкурирала со исти стандарди пред шест месеци и немало проблеми, сега истата таа фирма, исполнувајќи ги истите стандарди, се соочува со проблеми пред Советот.

„Проблемот не е до Министерството за здравство, има еден Совет за јавни набавки кој е комплетно политизиран за жал. Фирми кои добивале и поминувале низ тој совет за јавни набавки пред шест месеци сега кога конкурираат за да направат проблем, не спречуваат и затоа сега каснат лекови за хронична леукемија, Вилсон,“ изјави Таравари.

Таравари не гледа проблем што е кандидат за градоначалник, а во исто време и министер за здравство./24 Вести

Слични содржини