Таравари: Почнуваат измените во Мој термин

од desk2

Од идната недела стартува првата измена во системот „Мој термин“,најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари по денешното чистење на слободниот простор меѓу клиниките.

На системот, како што рече Таравари, се работи интензивно.

– Тоа ќе биде една новост, кога се раѓа детето не оди никаде, туку во болница се дава извод на родени и препораки за мајките за следните неколку месеци. Значи, да не одат родителите по изводи и други документи, вакцини што треба да ги прими – рече Таравари.

Тој додаде дека оваа новина во здравството ќе се спроведе во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини