Таравари: Состојбата на Села се подобрува, бараме итна истрага за овој напад

од Vladimir Zorba

Здравствената состојба на Зијадин Села му се подобрува, среќен сум дека на тоталитарниот фашизам на Груевски му дојде крајот, изјави Арбен Таравари секретар за движење на реформи на ДПА во партиското седиште.

– Највисоката цена на оваа капитулација ја платија невини луѓе кои беа брутално истепани, од кои најмногу настрада претседателот на ДР ДПА Зијадин Села кој беше претепан до тој степен и ја изгуби свеста. Беше влечен низ парламентот од институционалните терористи кои мислеа дека тој е умрен. Триумфираа канибалски врз телото на еден повреден Албанец. Бараме итна истрага за овој терористички напад, не само врз него туку кон секој нападнат пратеник, новинар, камерман и било која друга невина личноста која вчера беше заложник на терористичкиот напад кој што се случи врз Парламентот. Дали требаше да почине Зијадин Села за да има избори? ДР ДПА ги осудува и инсистира овие институционални терористи на законски начин да одговараат итно – рече Таравари.

Таравари ги замоли сите Албанци да продолжат со сочувавање на европската смиреност и им се заблагодари на сите кои им дале поддршка.

Слични содржини