Таравари: Здраво ВМРО, овде сум во Македонија, не сум на одмор

од desk2

Деновиве во некои месиуми се појави вест дека 25 годишна девојка починала заради ненавремено поставена дијагноза за слепо црево, кое подоцна пукнало, а проВМРО-ДПМНЕ-овските медиуми и политичарите од опзицијата го прозваа министерот за здравство Арбен Таравари за одговорност.

До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ваков случај или пациент, соопшти Министерството за здравство.

„Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во министерството. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ како партија веднаш да достават документација, проследена со неопходни информации за случајот кој го споменуваат“, целат од Министерството.

Во меѓувреме министерот за здравство, Арбен Таравари, на својот фејсбук профил, напиша: „Здраво ВМРО, тука сум, во Гостивар и во Скопје, секој ден на работа, ниту еден единствен ден не сум бил на одмор, само за ваша информација.

Како второ, кажете која е пациентката што починала од труење на крвта, има ли име и презиме, ако има треба да се пријави во надлежните институции за да се преземаат мерки! Меѓутоа и вие знаете дека нема таков случај. Како трето, вие немате кредибиитет и релевантност да зборувате за етика и морал, ве слушавме цела година се што сте местеле, апселе и краделе. И сосема на крај, ја чекам интерпелацијата, време е“, напиша Таравари.

Слични содржини