Таткото на Џоли: Помолете се за нив!

од Vladimir Zorba

Актерот Џон Војтила, таткото на Анџелина Џоли, исто така, го коментираше разводот на ќерка си со Бред Пит.a339556c17cabf49efc1ff36d27c156e

Тој изјавил дека веста го шокирала и предложи луѓето да се помолат за нив, пишува Inside Edition.

Според мислењето на 77-годишниот актер, за да го донесат сопружниците ова крајно решение, меѓу нив се случило нешто многу сериозно.

“Не знам што се случило, но тоа е многу тажно. Помолете се за нив “, рече тој.

Џоли поднесе барање за развод на 19 септември. Како аргумент за разделбата со Пит, актерката напиша “ненадминливи разлики”.

Таа, исто така, побара старателството над нивните шест деца, бидејќи не го одобрува начинот на кој тој ги воспитува. Бранџелина се заедно од 2004 година, но се венчаа во 2014 година.

Слични содржини