Техничката влада не ги исполнува обврските кон нас, се жалат бизнисмените

од desk2

Влечењето и тактизирањето на ДУИ му нанесува огромна штета на стопанството на Македонија. Техничката влада не ги исполнува обврските кон бизнис-секторот, изјави универзитетскиот професор  Горан Рафајловски, во рамките на тркалезната маса на одбележувањето на 95.години Стопанска комора на Македонија.

Според него приоритет на новата влада треба да биде враќање на долгот.

– Новата влада сериозно треба да се потруди да ги врати долговите на државата кон јавните претпријатија, компаниите при што треба да позајми околу една милијарда евра за стопанството да профункционира – потенцираше Рафајловски.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески истакна дека идната влада треба да го воспостави јавно-приватниот дијалог со бизнис-заедницата.

– Недостасува имплементацијата на законите и вклучување на бизнис заедницата во интеграција на законите – додаде Азески.

Тој потенцираше дека не може политиката да не влијае врз економијата, но бизнис-секторот низ годините успеал да се носи со политичката ситуација.

– Последните две години не кревавме паника, бизнисот функционираше и компаниите работеа. Но, да не беше кризата ќе се постигнеа поголеми резултати – истакна Азески.

Заменикот генерален директор во рудникот „Бучим“, Николајчо Николов, изјави дека во овој период стагнира развојот на бизнисот.

– Производството на руда е нормално и зависи од луѓето кои работат таму. Но издавањето на дозволи за концесии и други дозволи не функционира. Во последните 40 години не е изграден ниту еден рударски капацитет – додаде Николов./Мета

Слични содржини