Тејлор Свифт се повлече од социјалните мрежи

од desk2

Американската пејачка тејлор Свифт, одненадеж ги избриша профилите на друштвените мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Tumblr и YouTube) што ги вознемири нејзините фанови.


Тејлор на Facebook, Twitter и Instagram имапе повеќе од 262 милиони следачи, а нејзините фанови на Twitter дискутираат зошто таа се повлекла и што и се случило. Мистеријата за нејзиното сопирање на активностите се обидуваат да го решат и светските таблоиди.

Многумина сметаат дека ова е само маркетиншки трик и увертира во нејзиниот нов, шести студиски албум, на кој работи во тајност.

Некои медиуми пишуваат дека го следи примерот на еден американски бенд кој за да им се зголеми продажбата на албумот, оваа годна во мај го направи истото.

Многумин тврдар и дека во последно време поретко излегувала и се криела од фотографите, а куќата ја напуштила криејќи се во широка облека со качулка.

Слични содржини