Тејлор Свифт излегува тајно со британскиот актер Џо Алуин со месеци, соопшти Контактмјузик.

Пејачката на песната “Bad Blood” била полудена од љубов по актерот во подем, кој се уште живее со своите родители. Тој бил забележан да носи перика за да ја прикрие романсата меѓу двајцата.

“Тејлор и Џо имаат многу сериозна врска. Но после случката со Том Хидлстон, тие мораа да не креваат врева”, рече анонимен извор.

27-годишната Свифт најмила имот во Лондон, каде се гледа со својот нов пријател и презема забележителни мерки за да се скрие нивната врска.

“Тејлор лета со приватни авиони и обезбедувањето извршува слични на воените мисии, за да не ги види некој. Таа се шета со Џо во Лондон, користејки маски, како марами или капи, за да го скрие својот идентитет “, додаде изворот.

Тој рече дека тоа не е вест за најблиските пријатели и семејствата на двете ѕвезди. Двојката се криела само од медиумите.