Тејлор Свифт заработи голема сума пари само за две недели

од Vladimir Zorba

Пред две недели Тејлор Свифт стави крај на бојкотот на стриминг услуги и оттогаш има заработено околу 400.000 долари.

Многумина мислеа дека таа ги вратила песните на стриминг платформата Спотифај за да досадува Кејти Пери, но се покажа дека има заработено исто солидна сума.

Свифт зеде чудна одлука да го прекине бојкотот на стриминг услугите точно пред излегувањето на новиот албум на Кети Пери “Witness”.

Нови податоци сепак покажуваат дека 27-годишната Тејлор заработила околу 400.000 долари за двонеделниот период во кој повторно започна да ги користи стриминг услуги, како што се оние на Спотифај, Амазон мјузик и Пандора.

Тејлор Свифт, која не издала нови песни повеќе од две години, одлучи да го прекине бојкотот на стриминг услуги во знак на благодарност кон обожавателите, кои од албум наречен “1989”, излезен во 2014 година, а беше продаден во 10 милиони копии во целиот свет, не слушнаа ништо ново.

Слични содржини