Телеграф: Што знаеме за Салман Абеди, бомбашот самоубиец – напаѓачот од Манчестер

од Vladimir Zorba

Вчера вечерта од Даунинг стрит соопштија дека самоубиецот напаѓач од Манчестер Салман Абеди во последните недели патувал за Либија, а разузнавачките агенции ги проследија неговите врски со “Ал Каеда” и “Исламска држава”, пишува бристански Телеграф.

Освен тоа 22-годишниот Абеди им бил познат на силите за безбедност на Велика Британија уште пред инцидентот од понеделникот вечерта.

Абеди е роден во Манчестер во 1994 година и израснал во либиска заедница, која била позната по силното противење на режимот на Моамер Гадафи.
Абеди се радикализирал неодамна, пишува британскиот медиум, иако не е јасно кога точно тоа се случило. Покрај тоа, тој ја посетувал локалната џамија, која претходно беше обвинувана во собирање на средства за џихадисти.
Родителите на Абеди се либиски бегалци кои пристигнале во Велика Британија, за да избегаат од Гадафи. По падот на власта поголемиот дел од семејството се вратила во Либија.

Инаку, во вторникот, по нападот, Британија го зголеми нивото од терористичка закана на “критична”, пренесува AFP. Премиерот на земјата Тереза Меј прецизира дека причината за тоа е големата веројатност од нов напад. Освен тоа таа додаде дека војници ќе им помагаат на вооружената полиција за да се справи со ситуацијата.
“Ова е можност која не можеме да ја игнорираме. Има голема група на индивидулци поврзани со овој напад “, истакна Меј, откако бомбашот-самоубиц уби 22 лица, од кои седум се деца.

Слични содржини