Телевизија Телма денеска одлучи да ги бојкотира сите појавувања во јавност на вицепремиерот Пешевски, поради неговиот физички напад врз Саше Политико.

тел,а

-Телевизија  Телма е згрозена од однесувањето на вицепремиерот Пешевски и ќе ги бојкотира сите негови појавувања во јавност, соопштија од телевизијата.

Со осуда за Пешевски и барање за негова неотповиклива оставка, денеска излезе и  Европската федерација на новинари. Тие побараа од македонските власти  Пешевски да биде изведен пред лицето на правдата.

-Таковото однесување кон новинарите се крајно недозволиви. Насилство врз новинарите е насилство врз слободата и демократијата. Жртви на таквото насилство не се само новинарите, туку и граѓаните кои имаат право да бидат информирани од страна на медиумите, се вели во соопштението од Европската федерација на новинари.