Вчерашното помилување од Претседателот на осуденик по втор пат не е единствен
случај. Телма откри дека за разбојништво и обид за убиство Претседателот целосно
помилувал осуденик осуден на 12 години затвор, а со помилувањето одлежал само
шест.

Осуденикот кој упаднал држел заложници во обложувалница во скопје 2014 година
добил 6 месеци намалување на казната.

ivanov_vo_saraevo (1)

Тој со автоматска пушка пукал и се заканувал дека ќе ги убие ако не ги дадат парите
од касата.

Две години подоцна претседателот одлучил по повод нова година целосно да го
ослободи од издржување на казна затвор.

Понатаму, извори кои сакаат да останат анонимни, информираат дека пред три години
претседателот одлучил да ја скрати казната на осуденичка која била во бегство.
Жената од гостиварското село Врбјани, нејзиниот сопруг и братот беа уапсени со
огромно количество оружје.

Во нивната куќа биле пронајдени автоматска пушка, три рачни бомби, 12 гранати РПГ,
снајпер со оптички нишан, алат за полнење на гранати, и 1.000 парчиња муниција со
калибар 7,62 милиметри као и наркотична дрога марихуана.

Повеќе ТУКА

Слични содржини