Ден откако претседателот Ѓорѓе Иванов објави дека во Македонија се можни
терористички напади помилува осуденик за оружје-јави Телма.

mackic_9

Скандалот да биде уште поголем Претседателот осуденикот го помилува по втор пат
и тоа по повод празникот на македонската борба Илинден. Осуденикот лани за
истиот празник добил 6 месеци помалку , колку што Иванов потпишал и за годинава.
Од кабинетот на Претседателот молк.

На барање на Телма да појаснат како може претседателот секоја година на ист
осуденик да му намалува од казната и кој предложил осуденикот да биде помилуван
не добивме одговор. Разговаравме со директорот на затворот Идризово Живко
Пејковски кој изјави дека го знае затвореникот кој добил помилување но не се
сеќавал точно за кое дело е осуден и на колку години.
Пејковски рече дека уште не ја добил листата, но нагласи дека за такво дело, за
оружје, има право на помилување.Нема информација ни дали директорот го
предложил повтореното помилување или некој друг и од кои причини.

Повеќе ТУКА

Слични содржини