Теловска: Пензионерите нема да добијат покачување во септември , само усогласување

од Vladimir Zorba

Пензионерите на 1 септември нема да добијат 2.100 денари покачување!

Тоа можат сами да си го видат на своите сметки. Тоа што ќе го направи владата на СДС тоа е усогласувањето кое што е нивна законска обврска и тоа ќе направат минимално усогласување од 1%, изјави Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа значи 500 денари помалку или на годишно ниво над 5.000 денари помалку. Ние не знаеме за што ќе ги искористат тие средства.

Во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната пензија се покачи од 7.634 денари на 13.755 денари. Владата на Никола Груевски превземаше низа мерки и низа проекти за подобрување на квалитетот на живеење на пензионерите.

Слични содржини