МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ   0 Скопје – Петровец, Струмица, 2 Гевгелија, 3 Скопје – Зајчев Рид, 4 Дебар, Маврово, 5 Куманово, Лазарополе, 6 Битола, Берово, Крушево, 7 Кавадарци, Дојран, 9 Тетово, Охрид, Претор, 10 Прилеп, Виница, 11 Д. Капија, 12 Штип, К. Паланка.ветер

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот.
8 Маврово, 7 Лазарополе, 4 Дебар и 1 Пожаране.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА  Променливо облачно, во западните делови има повремен локален дожд. Дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и југозападен правец, кој на моменти со брзина и до 100 км/час.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно, во западните и североисточните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и југозападен правец, на моменти со брзина околу 90 км/час, особено претпладне. Макеималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Скопје: Променливо облачно со умерен западен ветер, а има и мали услови за краткотраен дожд. Тмакс=13 степени

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре ќе преовладува променливо облачно, во крајните западни и североисточните делови со повремен локален дожд, на планините снег. На запад ќе дува умерен на моменти засилен западен ветер. Во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекува промена на временската состојба со врнежи најпрво од дожд (на планините снег), а поради продор на постуден воздух од север за време на викендот ќе бидат главно од снег.

Слични содржини