На Котата 59, на македонско-грчата граница, на  местото каде што мигрантите престојуваат во импровизиран камп, се испратени засилени полициски и армиски сили.Состојбата е тензична и  се тоа доаќа од Грција која неконтролирано пушта бегалци во ситуација кога се знае дека е забавен проткото и дека се слекетрираат и не се пуштаат сите поради новиот пристап и стратегија на ЕУ.Сепак Грција се однесува по свое како да не е ЕУ држава.

314518-granicite-na-srbija-i-makedonija-nikogash-nema-da-se-zatvorat-za-begalcite

Во најава е дека  грчките власи на границата ќе донесат уште 7.000 бегалци и мигранти. Ова уште повеќе ќе ја зголеми нервозата на економските мигранти, за кои границите на земјите од балканската рута од пред два дена се затворени. Од пред два дена се пропуштаат само бегалците од воените жаришта во Сирија, Авганистан и Ирак, но не и економските мигранти од Иран, Бангладеш, Конго, Мароко, Алжир. Нерввозата е голема, бегалците одбиваат храна, облека и скандираат барајќи сите да бидат пуштени

Европската унија работи на тоа да ги осигура надворешните граници во Грција и на грчко-македонската граница да се постават сили на европската полиција Фронтекс која треба да ги регистрира мигрантите и да направи скрининг. Оваа мерка би требало да го намали приливот на мигранти во Србија.

тускк

Ова го потврди претседателот на европскиот совет Доналд Туск синоќа  во Белград. Таму се сретна со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Вучиќ, пак, му кажа на Туск дека ако Словенија, Хрватска и Унгарија не примаат економски мигранти, нема ни Србија. Белград не подигаше жица на својата граница, и нема да го направи тоа, рече Вучиќ, но кажа и дека Србија има можност и сила да ги заштити своите интереси.

Вучиќ рече дека се во постојана координација   со македонските власти за да се најде решение.

Од Белград Туск ќе оди во Тирана, а денеска  попладне ќе дојде во Скопје. Домаќин ќе му биде претседателот Ѓорѓе Иванов.

Претходно, претседателот Иванов рече дека Македонија нема да дозволи да се градат прифатни кампови за бегалците и дека Македонија може да згрижи околу две илјади бегалци.

 

Слични содржини