(Видео) Тензично во Собранието: За малку избегната физичка пресметка Груевски – Џафери, донесен законот за јазици

од desk2

Претседателот на Собранието , Талат Џафери го прогласи Законот за јазиците за донесен по 15 минутната пауза по инцидентот .

Џафери ги повика пратениците да гласаат веднаш по инцидентот со пратениците од ВМРО –ДПМНЕ и го прогласи законот за донесен со 64 гласа . Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ бурно реагираа , но Џафери ја прогласи седницата за завршена .

Откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, почна да го чита текстот за да го стави законот за употреба на јазиците на дневен ред за гласање, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од поранешниот лидер Никола Груевски се обидоа да го спречат Џафери да повика на гласање.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев бараше процедурално, но Џафери не му дозволи по што оголемиот дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред Џафери и викаа „процедурално“.

Поранешниот премиер Груевски застана директно пред Џафери, удираше по масата, по ѕвончето, му го мрдаше микрофонот и му ја истури чашата со вода. Потоа тој се качи зад Џафери и му го исклучуваше микрофонот.

Џафери даде 15 минутна пауза . Додека излегуваше од салата кон него се приближи Груевски, но обезбедувањето на Собранието спречи физички контакт.

Претходно Данев апелираше до Џафери да го почитува Уставот и да го применува Деловникот.

– Поднесовме писмо со кое бараме да се разгледаат сите поднесени амандмани, бараме да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и таа да даде свое мислење за прекршување на деловникот. Мислам дека ова е фер понуда и знам дека пратениците од владејачкото мнозинство дека нема да го гласаат законот по нивна волја. Одговорноста е ваша и јас сум убеден дека ќе му дадете можност на законот и деловникот да бидат на прво место – рече Данев.

На ова Џафери му одговори дека на писмото ќе биде одговорено согласно Деловникот.

Слични содржини