Тензично во средните училишта. Учениците продолжуваат со бојкотот на наставата во повеќе скопски гиманзии. Во Тетово пред малку заврши протестот на економското средно училиште 8-ми септември, а нивните соученици ќе ја напуштат наставата на последниот школски час.

3-980x620

Дел од учениците велат дека иако дел од професорите ги поддржуваат во најавите за бојкот на наставата, останатите денеска им се заканувале ги повикувале да се вратат во училишните клупи. По протестот, средношколците го напуштија училиштето, со најава дека утре продолжуваат со бојкот на наставата.

Освен бојкотот во економското училиште, делумно наставата денеска е блокирана и во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, а од утре ќе бојкотираат и учениците од медицинското училиште „Никола Штејн“.

И средношколците од СОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид денеска не ја следеа наставата и протестираа пред охридската гимназија. Тие се спротивставуваат на новиот концепт за полагање државна матура и бараат да се врати стариот начин.

Бојкотот на настава ќе трае се додека Министерството за образование не закаже средба со претставници на Средношколскиот пленум. Пленумот бара и јавна дебата со Унијата на средношколци, која самоиницијативно се прогласи за претставник на средношколците и оддржа средба со МОН со цел да се укине полагањето математика за државна матура.

 

Видео: A1on

Слични содржини