Британскиот премиер Тереза Меј е подготвена да ги жртвува човековите права во борбата против екстремизмот. Ова станува јасно од нејзино обраќање на митингот во Слау, цитирано од британските медиуми.

 

Британската премиерка е непоколеблива за промени во законодавството, за да ја направи борбата против екстремизмот поефикасна.

Серијата од напади од изминатите недели ги засилуваат стравувањата дека политичарите се подготвени на драконски мерки, за да престанат нападите.