Британската премиерка Тереза Меј вечерва го именуваше поранешниот министер за надворешни работи Филип Хамонд за нов министер за финансии.4944059

Именувањето на Хамонд е прв чекор во формирањето на нова влада, кој го презеде Меј само неколку часа по нејзиното именување на премиерската функција.

Досегашниот министер за финансии Џорџ Озборн, кој ја извршуваше оваа функција од 2010 година и беше близок соработник на поранешниот премиер Дејвид Камерон, поднесе оставка.

За нов шеф на британската дипломатија е назначен досегашниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, потврди кабинетот на новата британска премиерка.4944061

Нов министер за внатрешни работи ќе биде Амбер Рид, а министер за одбрана и понатаму останува Мајкл Фалон.4944060

Меј го назначи Дејвид Дејвис за државен министер за Брегзит, кој ќе биде одговорен за преговорите со ЕУ по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Слични содржини