Како што Локално.мк веќе информираа, атентаторот кој застрела 39 лица во ноќен клуб во Истанбул во новогодишната ноќ е фатен. Веста беше соопштена првично од водечките изданија во Турција, а потоа распространета од меѓународните агенции.

Турската полиција го фати жив убиецот од клуб “Реина” во Истанбул

Абдулгадир Машарипов од Узбекистан бил уапсен заедно со 4-годишен син при антитерористичка операција во истанбулскиот кварт Есенјур. Тој се криел во стан во станбен комплекс, ангажиран од негов познаник од Киргистан.

Машарипов покажал отпор при апсењето. На распространети слики  се гледа крв, а по неговото лице има модринки и крварење, од тепање .

Машарипов кој дошол во Турција од Сирија, ќе биде подложен на медицински преглед, по што ќе биде сослушан.

Според агенцијата Анадолија во операцијата биле уапсени вкупно пет лица, меѓу кои три жени и киргизстанецот, каде вил сокриен атентаторот.

Претходно турски медиуми објавија дека полицијата го  идентификувала сторителот на крвавиот напад во новогодишната ноќ како 34-годишен узбекистанец кој е познат уште под името Абу Мохамед Хорас и е член на ќелија на џихад група “Исламска држава” во Централна Азија.

На адреса во Истанбул беа откриени 150 000 долари, кои според властите биле “платата” за напаѓачот.