Тероризам ли! Сценариото беше да бидат убиени Заев, Села и Џафери и потоа воена состојба !?

од Vladimir Zorba

Требаше да има жртви да бидат убиени Заев, Села Џафери, потоа да се прогласи вонредна состојба од претседателот Иванов, како нужност за смирување, и потоа да се суспендира парламентот, мнозинството, да се апсат неистомислениците, но сепак тоа не помина. 

На вечерашната дебатна емисија на ТВ 21, гостите главно се согласија со тоа дека во четвртокот, на 27 април, во Собранието влегла една група на насилници со јасна цел – да убијат, за да го спроведат црното сценарио за преземање на власта во Македонија. Гостите во дебатата немаат дилеми за намерите затоа што одблско ги гледале насилниците и се сведоци на овој настан

За пратеникот на ДУИ Реџаил Исмаили, кој беше во парламентот, вели целта биле убиството само на тројца луѓе – Зоран Заев, Зијадин Села и Талат Џафери. Другото е пеземање на институцијата.

 „Во Собранието, на 27 април пратениците не беа тепани од народот. Ова немаше никаква врска со народот. Таму беа организирани поединци. Вратите на Собранието не беа затворени. Мои колеги, пратеници, ја отворија главната врата од Собранието и ги упатуваа насилниците каде треба да одат. Ви велам, целта беше ликвидација на Заев, Села и Џафери. Тоа беа организирани лица од полиција. Јас тоа го видов. Таму имаше луѓе со црни маски. За среќа во салата број 3 имаше многу новинари, пратеници… Се срамам од моите колеги пратеници кои ја отворија вратата. Ако во прес-центарот дојдоа повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, сигурен сум дека сѐ ќе беше поинаку“, рече пратеникот Исмаили.

Пратеникот Павле Богоевски, кој бече физички нападнат и тепан од поголема група насилници исто така  се согласува со неговиот колега дека целта на луѓето со црни маски, кои организирано ги добиваа маските по скопските локали пред упадот во Собранието, им била убиство, ликвидација на поединци.

„Маскирани лица вадеа полициски значки. Тоа беше организирана спрега на припадници на полиција, граѓански активисти и паравоени структури. Тоа не беше инцидент, туку напад на државна институција, чин на тероризам и обид за убиство. Нема бегање од правдата. Мора да се помириме, а за да има помирувањето мора да има хируршка прецизна одговорност. Сакам да видам одговорност за функционерите кои ова го организираа.

Сторени се повеќе кривични дела, не е само учество во толпа. Тука има и елементи на тероризам и обид за убиство. Најгнасната работа е тоа што мене и моите колеги пробаа да нѐ убијат терористи обвиени со македонси знамиња.

Најгнасна е пропагандата чија цел е да заштити криминалот. Не е патриот тој што повикува на омраза и насилство, тој што го нарушува интегритетот на законодавниот дом. Не е патриот корумпираниот политичар кој шири омраза. Тој е предавник. Семето на фашизмот нема повеќе да најде плодна почва во Македонија. Има институции и систем кој треба да ги реши проблемите, а не народот да ја зема „правдата“ во свои раце., порача пратеникот Богоевски, кој  е претставник на Шарената револуција

Новинарката Душица Мрѓа, исто така сведок на настаните во Собранието на 27 април, се согласува дека намерата на одредена група на луѓе била ликвидацијата на неколкумина пратеници.

. Бевме оставени сами на себе. Ниту едно лице од обезбедување, од полиција, немаше никој… Имаше само тепачи. Имаше и луѓе со психички проблеми. Крвавиот четврток мора да има разврска, луѓето кои дојдоа да убијат мора да бидат казнети“, рече Мрѓа.

Општиот заклучок  на дебатата на „Клик плус“ на Тв21 е дека требаше да има жртви  во оваа крваво сценарио. Требало да бидат убиени Заев, Села Џафери, потоа да се прогласи вонредна состојба од претседателот Иванов, како нужност за смирување, и потоа да се суспендира парламентот, мнозинството, да се апсат неистомислениците. За среќа тоа не се дозволи, сепак тоа  не помина.

Слични содржини