Тешка кражба во куќа на ул.„Довлеџик“ во Битола

од desk2

Непознат сторител синоќа од 18 до 21 часот извршил тешка кражба во куќа на ул. „Довлеџик“ во Битола, во сопственост на Д.К. (49).

Од МВР информираат дека сторителот насилно ја отворил помошната влезна врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 18.000 евра, четири македонски патни исправи, четири австралиски патни исправи, четири рачни часовници, златен накит, женски чанти, мобилен телефон и лап-топ, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини