Тешка повреда на Мејсон кој се бори за живот ( ФОТО)

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Хал, Рајан Мејсон, доживеа тешка повреда на натпреварот со Челзи одигран вчеравечер во Лондон. Тој во еден воздушен дуел со одбранбениот играч на „сините“ Гери Кејхил за здоби со повреда на главата и сега се бори за живот.

Британските медиуми објавија дека Мејсон има фрактура на черепот и има крварење во мозокот, а докторите се обидуваат да му го спасат животот.

Капитенот на Челзи, Џон Тери во името на неговите соиграчи преку социјалните мрежи ја искажа поддршката за Мејсон.

-Нашите мисли се со Рајан Мејсон и неговото семејство. Се надеваме дека ќе биде добро, се огласи Тери.

Повредата се случи во 14.минута, дуелот продолжи по седум минутна пауза и заврши со победа на Челзи со 2:0.

Слични содржини