Teшка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево: Возачите во болница

од Vladimir Zorba

soob-mercedesi-640x511

Поради случена сообраќајна несреќа сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

Сообраќајката се случила кај исклучокот за село Ново Село.

Инаку, во судирот учествувале два автомобили марка „Мерцедес.“.Нерсеќата се случила попладнево околу 16 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај гостиварско Ново село во близина на селските гробишта.

Од СВР Тетово информираат дека во сообраќајкатае учествувале две возила „Мерцедес“, со скопски и охридски регистерски ознаки. По првичниот судир едниот „Мерцедес“ удрил во „Сеат Ибица“ со скопски таблички.

Со две возила на итна медицинска помош во гостиварската болница се пренесени двајцата возачи на автомобилите „Мерцедес“, но каракатерот и видот на повредите ќе бидат познати по завршувањето на лекарските прегледи.

Слични содржини