Шефот  на Руската Федерација   Владимир Путин , нападот на САД врз објекти во Сирија го одредува како агресија против суверена држава, која ќе им наштети на руско-американските односи и борбата против тероризмот.

 

Ова го објави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од светските агенции. “Претседателот Путин смета американските напади во Сирија се  агресија против суверена држава во кршење на меѓународното право, при тоа под измислен изговор”, истакна Песков, цитиран од агенциите.

Според него, рускиот претседател го третира ракетниот  напад на САД како обид за одвлекување на вниманието од бројните жртви меѓу цивилното население во текот на операцијата во Ирак. Песков потсети дека сириската армија не располага со хемиско оружје, факт кој беше потврден од специјална единица на ОН по деталната  проверки. Во исто време игнорирање на фактите за користење на хемиско оружје од терористите го продлабочува проблемот, истакна Песков.  Тој  го истакна и главниот акцент во позицијата на Путин дека синоќешната напад “не ни се приближува кон крајната цел во борбата против меѓународниот тероризам, а токму спротивното – создава пречки за формирање на меѓународна коалиција за борба со него и за ефикасно спротивставување на тоа светско зло. ”

Локално.мк  потсетува дека базата “Шајрат” во централната провинција Хомс беше погодена  во 0:40 UTC од 59 крстосувачки проектили “Томахоук”, истрелани од американските бродови USS Porter и USS Ross кои се во источниот дел на Средоземното Море. Барем четворица сириски војници од воздухопловните сили на Сирија, од кои еден командант на ескадрила, загинале како резултат на ракетниот напад на САД по воениот аеродром Шајрат во провинцијата Хомс, соопшти телевизијата “Ал Арабија”.

Како резултат на нападот е целосно уништена инфраструктурата на воената база. Уништени се пистата, резервоарите со гориво и противвоздушната одбрана.

Слични содржини