Тешко повреден пешак во сообраќајка на патот Тетово -Јажинце кај Слатино

од Vladimir Zorba

 

Пешак од Слатино на возраст од неполни 18 години се здобил со тешки повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце во селото Слатино, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, пешакот бил удрен од автомобил „Ауди“ со тетовски регистерски таблици којшто без возачка дозвола го управувал Б.С.(28) жител исто така на Слатино.

– Во несреќата  пешакот задобил тешки телесни повреди на главата и градниот кош и со друго возило бил пренесен во Тетовската клиничка болница од каде по укажана лекарска помош со медицинско возило итно бил префрлен на скопските клиники. Таму е задржан за натамошно лекување и се наоѓа надвор од животна опасност, изјави Јосифовски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и друго додека возилото е времено одземено за соодветна проверка и обработка.

Според полициската статистика, во текот на минатата година во Полошко вкупниот број на сообраќајни несреќи со пешаци изнесува 90 при што седум лица загинале, 22 се тешко, а 69 се полесно повредени

Слични содржини