Тесните фармерки може да се покажат како многу опасни за здравјето, предупредуваат австралиски доктори. Тие посочуваат како пример жена која привремено загубила чувствителност на нозете по неколку часа во тесни фармерки.2375130_montage2

35-годишната жена доживеала колапс и требало да биде хоспитализирана откако ѝ помагала на роднина да се распакува и го сортира багажот по прелесување. Значи жената поминала неколку часа стегната во `skinny` фармерки. Со напредокот на времето жената раскажала дека се чувствува сѐ попроблематично. Вечерта одеднаш таа престанала да  ги чувствува нозете, се сопнала и паднала, губејќи свест. Така останала да лежи на подот со часови пред да биде пронајдена. Нозете на жената биле толку потечени што лекарите не можеле да ѝ ги соблечат чевлите. Фармерките морале  да ги пресечат, за да ги соборат.

Таа не можела да ги движи нозете и немала чувство за нив. Само четири дена подоцна нејзината способност да се движи се повратила. Лекарите објаснуваат дека тесните фармерки, комбинирани со сквотирањето, додека ги редела ормарите, го намалиле критично протокот на крв во нозете, лишувајќи ги мускулите од кислород. Нервните завршетоци пак биле повредени од долготрајното стискање што го објаснува недостатокот на чувствителност во нозете и губењето на контрола над движењата.

Слични содржини