тепање

На 25.08.2016 година во 15.50 часот во ПС Тетово Ф.Џ. (29) од Тетово пријавил дека лицето З.К.(29) од Косово, а со место на живеење во Тетово, извршило насилство врз него. Дента околу 13.00 часот, додека пријавителот седел во кафетерија, дошол З.К. и со метална шипка, без повод и причина, почнал да го удира во пределот на главата, а потоа почнал да го удира со тупаници во пределот на главата и телото. Во еден момент Џ.Ф. успеал да избега, по што од случаен минувач бил префрлен во Клиничка болница Тетово. Во ПС Тетово бил извршен разговор со З.К. и во консултација со Јавен обвинител истиот е пуштен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 13.15 часот во Радовиш на ул.„Шаин Маале„ тројца полициски службеници, додека биле на работа забележале застанато патничко моторно возило „Лада“ без регистарски ознаки, од кое две непознати лица растоварале дабови огревни дрва. Преземајќи службени дејствија за да спречат лицата да ги растоварат дрвата, еден полициски службеник бил нападнат од страна на едното лице, кое со тупаници го удирало по главата, при што истиот паднал на земјата. Во моментот кога друг полициски службеник му помагал на колегата да стане, истиот бил нападнат од другото лице, кое го удрило со дрво по десната нога, нанесувајки му телесна повреда. По настанот лицата се качиле во ПМВ „Лада“ и побегнале. Од страна на Канцеларијата за кривични работи – Радовиш преземени се мерки, при што приведени и задржани се лицата А.С. (27) и И.Р. (21), двајцата од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Синоќа во 23.45 часот во ПС Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на автобуската постојка за село Мездра, во нивата имало патничко моторно возило „Мицубиши Галант“ со германски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што во возилото биле затекнати девет мигранти од Авганистан, кои илегално ја преминале грчко-македонската граница, а возачот на возилото избегал. Лицата се задржани во ПС Свети Николе за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини