Тежок политички маратон во Мала Речица: ДУИ се уште заседава, Меџити се вратил на состанокот

од desk2

Тежок политички маратон се случува во Мала Речица. Раководството на  ДУИ со часови заседава зад заѕтворени врати во партиското седиште. Градоначалникот Изет Меџити, сепак се вратил на состанокот јавува РСЕ. Инаку, тројцата потпретседатели на ДУИ, Изет Меџити, Теута Арифи и Невзат Бејта го напуштија состанокот на Централното претседателство на партијата кој се уште трае во Мала Речица. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за телевизија Алсат изјави дека тие состанокот не го напуштиле поради тензија, туку поради замор и потребата да се одморат. Според него, дебатата е конструктивна и верува дека наскоро ќе биде донесена одлука.

На маса, како што наведува се уште се отворени сите пет опции, коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, или да одат во опозиција или на нови избори. Во меѓувреме од партиски извори дознаваме дека Меџити се вратил на состанокот каде се уште се дебатира дали ДУИ ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ.

Османи претходно посочи и дека на ДУИ не и е важна политичката судбина ниту на СДСМ, ниту на ВМРО ДПМНЕ, туку реализацијата на Платформата на Албанците и дека е не е важно одлуката која ќе биде донесена да биде навремена, туку правилна./извор РСЕ

Слични содржини